Џибрил: во Либија има хемиско оружје

Махмуд Џибрил

Либискиот привремен премиер Махмуд Џибрил го потврди присуството на хемиско оружје во Либија и изјави дека меѓународни инспектори ќе дојдат во земјата во текот на неделава. Џибрил, кој ја објави својата оставка пред формирањето на нова привремена влада, истакна дека Либија нема интерес да го задржи ваквото оружје, но не изнесе повеќе детали.
Предлог резолуција на Русија во ОН, за која ќе се гласа деновиве, ги повикува либиските власти да ги уништат залихите од хемиско оружје во соработка со меѓународната заедница.