Кинескиот претседател во посета на Австрија

Ху Џинтао

Кинескиот претседател Ху Џинтао пристигна во официјална посета на Австрија, пред важниот состанок на Групата 20 најголеми светски економии, што ќе биде одржан во Франција. Оваа посета доаѓа по минатонеделниот повик од ЕУ до Кина да инвестира и да помогне за излез од должничката криза во која западнаа неколку земји од Унијата. Инаку, дводневниот самит на Г20 ќе биде одржан во Кан кон крајот на неделава.