Косово ќе издава биометриски пасоши

Македонскиот биометриски пасош

Косовското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од утре ќе почне со издавање на нови биометриски пасоши.
Ова е еден од критериумите во процесот за визна либерализација , за што дијалогот треба да почне кон крајот на декември.
Косовските власти ветуваат исполнување на критериумите во рекорден рок, додека претставниците на ЕУ не наведуваат временска рамка, но сугерираат споредување со земјите до регионот.