Отворена владина седница

Македонската Влада денеска оддржува отворена владина седница на која се разговара за теми од внатрешна и надворешна политика.
На дневниот ред на седницата има 142 точки. Шефот на дипломатијата Никола Поповски соопшти дека по објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Владата работи на изработка на Акциски план за отстранување на нотираните забелешки. Тој додаде дека Акцискиот план треба да биде завршен и усвоен до крајот на ноември. Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери на седницата изјави дека на десетгодишнината од потпишувањето на документот е направен биланс на направеното и е оценето оти има добар напредок во спроведувањето. Како значаен прогрес во тој правец, според него, е амнестијата за хашките случаи. На седницата ќе треба да се обратат сите министри.