Митрева:СДСМ загрижени за отстранувањето на придавката „македонски“ во Извештајот

Новиот претседател на дипломатскиот совет на СДСМ Илинка Митрева денеска изјави дека партијата е загрижена за отсуството на придавката „македонски“ во именувањето на јазикот и смета оти со тоа се игнорира еден од клучните атрибути кој го определува идентитетот на една нација. Таа и забележа на актуелната власт дека не презела дипломатски активности за промена на таквата состојба. Митрева додаде дека спорот со Грција е сериозна пречка за македонските евроинтеграции, но тоа не смее да биде покритие за неспроведување на реформите и уназадување на стратешките процеси и Владата, не треба да создава анти ЕУ расположение туку да понуди јасен план за отстранување на слабостите нотирани во Извештајот на ЕК.
Дипломатскиот совет на СДСМ денеска го разгледуваше извештајот на ЕК