Русија очекува до крајот на годинава да стане членка на СТО

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска и се заблагодари на Швајцарија за посредувањето во разговорите меѓу Москва и Светската трговска организација за приклучување на земјата во организацијата. Тој изрази надеж дека тој процес ќе заврши до крaјот на годинава. На Русија и е потребно одобрување од сите 153 земји членки во организацијата за може да стане членка но Грузија до сега се противеше.
Неодамна Грузија го прифати шварцарскиот предлог со кој меѓународни набљудувачи ќе вршат надзор на трговијата на Русија со Абхазија и Јужна Осетија.
Руските власти соопштија дека им се потребни неколку дена да го разгледаат предлогот пред да се произнесат за него.
Медведев денеска беше во посета на Швајцарија и се сретна со неговиот колега Калми Реј.