Нов земјотрес во источна Турција

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на Турција и предизвика паника меѓу населението на провинцијата Ван, во која при потресот пред една недела загинаа 596 лица. Епицентарот на потресот бил 28 километри источно од Ван, главниот град на истоимената провинција, наведено е во соопштението од Американскиот геолошки институт.