Египет не успеa да ги смири Израелците и Палестинците

Египет соопшти дека не успеал да издејствува прекин на огнот меѓу Израелците и палестинските милитанти откако двете страни продолжија синоќа со нападите. При ракетните напади спроведени доцна во ноќта загинале еден Израелец и 9 Палестинци. Израел ги затвори училиштата во јужниот дел на земјата како мерка за претпазливост додека палестинските власти побараа од стотици илјади жители во Газа да останат во своите домови.