Македонија се квалификува на ЕП во ватерполо

Македонската ватерполо репрезентација со победата над Франција со резултат 12:4 синоќа се квлификуваше на Европскoто првенствo. Покрај Македонија преку баражот пласман на Европското првенство изборија и Грција, Романија, Турција и Германија. Досега се познати 11 репрезентации кои ќе учествуваат на ЕП меѓу кои се Хрватска (европски шампион), Италија, Србија, Унгарија, Црна Гора (пласирани од 2-5.место на ЕП 2010), Германија, Македонија, Грција, Романија, Турција и домаќинот Холандија.Последниот учесник ќе биде познат утре по одигрувањето на реваншот Шпанија – Русија. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 11 ноември во Ајндховен