Полицијата во потрага по вахабисти во Горна Маоча

Напаѓачот на американската амбасада во Сараево Мевлид Јашаревиќ

Агенцијата за истрага и заштита(СИПА) во заедничка акција со босанската полиција споведуваат операција во селото Горна Маоча во Брчко, место во кое се верува дека вахабистичкото движење спроведува активности. Локалните медиуми јавуваат дека акцијата е покрената поради сознание на полицијата дека напаѓачот на американската амбасада во Сараево Мевлид Јашаревиќ во февруари престојувал во селото.
Како што јавуваат локалните медиуми акцијата се спроведува по налог на Обвинителството на БиХ.
Во последната акција пред половина година спроведена во тој регион биле уапсени 7 припадници на вахабистичкото движење но брзо потоа биле ослободени.