Соопштени противниците на Македонија во квалификациите на ЕП

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2013 година ќе се одржи во Полска и Данска.
На денешната жребка одржана во Луксембург, репрезентацијата на Македонија се најде во квалификациската групата Ц, заедно со селекциите на Чешка, Австрија и победникот од дуелот меѓу Хрватска и Швајцарија.
Првиот турнир ќе се одигра од 6 до 9 септември 2012 година во Виена, додека седум дена подоцна (13-15 септември) вториот турнир ќе се одржи во Карлови Вари, Чешка.