Белгија се жали на зголемениот број азиланти од Албанија

Баратели на азил во Белгија

Белгија почна со депортација на првите десетмина албански граѓани кои барале азил. Претходно генерaлниот директор за емиграција на Белгија, Фреди Росемонт во Тирана изрази загриженост поради напливот на албански државјани кои, бараат азил со образложение дека тоа за нив е спас од крвна одмазада.Во последниве два месеца азил побарле 480 албански државјани, кои приложиле и документ дека се потенцијални жртви на крвна одмазда. Од вкупниот број баратели на азил околу 60 отсто биле од подрачјето на Скадар, 20 отсто од Кукс и исто толку од Тирана. Тој додаде дека проблемот со крванат одмазда е проблем на Албанија и побара од албанските власти да преземат соодветни мерки за стопирање на оваа појава и соодветно објаснување на граѓаните да не ја злоупотребуваат визната либерализација.