СДСМ со нова партиска стратегија со старите членови

Раководството на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ на денешната седница конструира неколку совети на партијата кои ќе ја спроведуваат партиската стратегија. Секретарот на партијата Андреј Петров изјави дека за претседател на советот на СДСМ e избран Мирослав Грчев, за култура Роберт Алаѓозовски, за безбедност и НАТО интеграција Стево Пендаровски, за политички систем Маргарита Цаца Николовска. За претседавач со дипломатскиот совет на СДСМ e избрана Илинка Митрева. Петров најави дека формирење и на економско- социјален совет, здравствен совет и за совет за образование.
На оваа информација со писмено соопштение реагираше ВМРО ДПМНЕ во кое е наведено дека со овој потег Бранко Црвенковски јавно признал дека лицата кои себеси се претставуваа како независни експерти, биле партиски војници. Во продолежение се вели дека Црвенсковски околу себе повторно ги собрал кадрите со кои, како што е наведено, ја спроведувал најбедната и најмрачната транзиција и приватизација во Македонија.