БиХ ќе соработува со Србија во истрагата за терористичкиот напад во Сараево

Напаѓачот Мевлид Јашаревиќ

Босанскиот министер за безбедност Садиќ Ахметовиќ изјави денеска дека БиХ ќе работи заедно со српските власти во истрагата за вчерашниот терористички напад врз американската амбасада во Сараево.
Претходно денеска српската полиција соопшти дека се приведени 15 луѓе кои се осомничени за припадност на екстремистичка исламска секта во Санџак, јужниот дел на Србија. Напаѓачот кој е идентификуван како Мевлид Јашаревиќ од Нови Пазар е ранет по вчерашната интервенција на специјалците и под силно полициско обезбедување се наоѓа во болница.