Немири по фудбалски натпревар во Бугарија

Архивска фотографија

Бугарската полиција соопшти дека синоќа упасила 34 фудбалски хулигани за време на судирите меѓу навивачите на софиските клубови ЦСКА и Левски, до кои дојде по натпреварот меѓу двата градски ривали.
Уапсените се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир. При синоќешните немири повредени се двајца полицајци и опожарен е автомобилот на фудбалерот на ЦСКА, Иван Бандаловски.