Најмалку 23 работници загинале во Кина

Најмалку 23 градежни работници загинале денеска во Кина кога возилото со кое што патувале се превртело во тунел, соопштија кинеските власти. Повеќе детали за инцидентот нема. При несреќата се повредени уште десетина работници од кои 5 -мина се во критична здравствена состојба.