Расмусен: можни интервенции на НАТО и без СБ на ОН

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека не ја отфрлува можноста во некои случаи Алијансата да мора да интервенира без соодветна резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во интервју за данскиот весник ,,Политикен,, тој додава дека тоа веќе се случило при интеревенцијата на Косово и оти некогаш меѓународната заедница не може пасивно да чека. Расмусен операцијата на НАТО во Либија која завршува в понеделник ја оцени како успешна.