Напади на бомбаши самоубијци во Авганистан

Конвој на НАТО денеска во Кабул бил цел на самоубиствен напад со автомобил бомба. Полицијата соопшти дека притоа загинале четири луѓе и оти меѓу жртвите немало странски државјани. Скоро истовремено во провинцијата Кунар жена самоубиец активирала експлозив при што две лица биле повредени.