Судири меѓу војници во Сирија

Сириски активисти за човекови права со седиште во Лондон соопштија дека најмалку 17 војници биле убиени во судирите меѓу сириските сили и дезертери во два контролни пункта во градот Хомс. Според наводите, десетици војници пребегале на страната на бунтовниците. Во меѓувреме, Арапската лига испрати итна порака до сирискиот претседател Башар ал Асад со барање да ги запре седум месечните насилства против цивилите кои протестираат против неговото владеење. До ова дојде откако вчера, според сириските активисти за човекови права, биле убиени 40 луѓе.