Арапската лига бара крај на насилствата во Сирија

Делегација на Арапската лига на состанок со Баша ал Асад

Арапската лига испрати итна порака до сирискиот претседател Башар ал Асад со барање да ги запре седум месечните насилства против цивилите кои протестираат против неговото владеење. До ова дојде откако само вчера, според извештаи на сириските активисти за човекови права, биле убиени 40 луѓе. Делегација на Арапската лига утре во Доха треба да се состане со претставници на Сирија.