Синот на Гадафи, Саиф преговара да се предаде

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Луис Морено Окампо, изјави денеска дека имал неформален контакт со синот на Моамер Гадафи, Саиф Ал Ислам за негово можно предавање на судот. Од канцеларијата на Окампо истакнаа дека доколку Саиф се предаде, ќе има фер судење и ќе се смета за невин се додека не биде докажано спротивното. Се претпоставува дека Саиф избегал во Нигер.