Пакистан да ги спречи екстремистите да напаѓаат во Авганистан

Американската државна секретарка, Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, изјави дека Пакистан треба да стори повеќе за да ги спречи нападите од страна на милитантните мрежи кои ја користат пакистанската територија за напади против меѓународните сили во Авганистан.

Клинтон, говорејќи пред Комитетот за надворешни работи, изjави дека Пакистан мора да им се придружи во акцијата против сите екстремисти, а особено против мрежата Хакани. Претходно, американски официјални лица изјавија дека терористичката мрежа Хакани ужива поддршка од военото разузнавање во Пакистан.