Клинтон: Режимот на Кастро треба да престане

Архивска фотографија Фидел Кастро и Моамер Гадафи

Американскит државен секретар Хилари Клинтон денеска го повтори ставот на Вашингтон дека режимот на Кастро треба да заврши во Куба и покрај знаците на реформи во земјата. Таа пред почетокот на седницата на Комитетот за надворешни работи изјави дека ставот на Вашингтон е ист веќе 50 години и дека е потребно режимот на Кастро да се смени. Републиканскиот претставник во Комитетот Илеана Рос Летинен за време на дебатата изјави дека американската администрација применува двојни стандарди по употребата на сила во отстранување од власт на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. САД воведе делумно ембарго спрема Куба во 1960 година откако Фидел Кастро дојде на власт. Ембаргото се уште е на сила со што се забранети трговија и патувања на карипскиот остров.