Eгипет и Израел ќе разменат затвореници

Конвој со затворениците кои од Израел ќе пристигнат во Египет

Израел почна со пренесување на 25 египетски затвореници во Египет во замена за ослободување на израелско- американски граѓанин обвинет за шпионажа. Египет треба да го ослободи Иан Грапел кој беше уапсен во јуни за време на египетското востание обвинет дека е шпион на МОСАД и дека се обидел да ја саботира револуцијата. При размената на затворениците во медиумите се појавија инфомации дека има недоразбирање околу трансферот на Грапел, но египетската државна телевизија јави дека тој е пренесен во Таба од каде со авион дирекно ќе пристигне во Тел Авив.