Владечката партија во Хрватска под истрага за проневера на 4 милиони евра

Хрватското правосудство ќе спроведе истрага за корупција против владејачката партија Хрватска демократска заедница . Ова денеска го изјави хрватската премиерка Јадранка Косор. Таа додаде дека партијата добила информација дека е издадена наредба за спроведување на истрага на партијата за нелегално финансирање, и дека таа не се наоѓа на списокот на осомничени лица.
Истрагата доаѓа во многу лош момент за владејачката партија во пресрет на парламентарните избори на почетокот на декември.

Хрватските медиуми јавуваат дека партијата и поединци од партијата се осомничени дека проневериле најмалку 4 милиони евра од различни нерегистрирани донатори, вклучително државни компании и министерства, во периодот од 2005 до 2009 година.