Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со принцот Алберт Втори

Претседател Ѓорге Иванов денеска во Монте Карло се сретна со принцот Алберт Втори од Монако во рамките на Петтиот меѓународен форум „Мир и спорт“. На средбата тие разговарале за можностите за унапредување на меѓусебната соработка меѓу двете земји, особено во областа на културата спортот и туризмот, јавува новинската агенција МИА. Претходно, Иванов присуствувал н пленарна сесија на Форумот, што се одржува под покровителство на принцот од Монако, а синоќа оддржал говор на свеченото отворање.