ОН:Криминалот поголем извор на насилство од војните

Во меѓународниот извештај на Обединетите Нации за вооружено насилство што денеска е објавен во Женева е наведено дека криминалот е поголем извор на вооружено насилство отколку војните. Авторите на Извештајот за 2011 – та година сметаат дека 526 илјади луѓе умираат годишно при насилство. Регистрирано е дека 396 илјади луѓе се убиени надвор од вооружени конфликти, додека 54 илјади луѓе умираат при ненамерно насилство или убиство. Во извештајот е забележано дека годишниот просек на луѓе што умираат при војна изнесува 55 илјади.