Продолжува парламентарната расправа за извештајот на ЕК

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи 11 седница со разгледување на Извештајот на Европската комисија. На дневниот ред на шестото продолжение, меѓу другото, се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор и на Законот за заштита на децата, по скратена постапка.