Делегација на американскиот Конгрес во ноември на Балканот

Делегација на американскиот Конгрес од 5 ноември ќе ги посети Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, изјави американскиот конгресмен и копретседавач на српската лоби група, Ден Бартон.
,,Целиот регион е мошне важен, а посебно Србија и Косово поради тамошните проблеми,, оцени Бартон додавајќи дека и лидерите на БиХ, со кои раговарал пред неколку недели, ги повикале конгресмените да го посетат регионот.