Србите од Северно Косово ќе ослободат патна лента за КФОР

Барикадите во Северно Косово

Ослободување на една патна лента за снабдување на меѓународните сили на граничните пунктови со Србија- Брњак и Јариње предложиле претседателите на четири српски општини во Северно Косово на средбата со силите на КФОР.
Во соопштението на општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ и Косовска Митровица се вели дека реализирањето на планот ќе почне денеска во 9 часот и вклучува ослободување на една патна лента во определена насока.