Рестартирањето на мировните преговори на Блискиот Исток без успех

Меѓународните преговарачи не успеаа да им помогнат на Израелците и Палестинците да се договорат за отпочнување на мировните преговори. Претставници на квартетот кој го сочинуваат САД, Русија, ЕУ и ОН вчера се сретнаа поединечно со двете страни во Рамалах и Ерусалим, но не беше постигнат никаков напредок.