Протести и контрапротести во Сирија

Aнтивладини протести во Хула во град што се наоѓа во близина на Хомс

Десетици илјадници поддржувачи на сирискиот претседател Башар Ал Асад денеска излегоа на протести во Дамаск додека неговите опоненти протестираат во Хомс против насилното задушување на востанието против режимот. За време на демонстрациите во градот Хамрат 9 војници биле убиени од осомничени воени дезертери при напад на воен автобус со гранати. Денеска во Сирија пристигна делегација на министри за надворешни работи од неколку арапски земји во мисија на помирување на власта и опозицијата.