Ослободен од затвор новинарот на РСЕ во Туркменистан

Дописникот на Радио Слободна Европа Довлетмурат Јазкулијев

Дописникот на Радио Слободна Европа Довлетмурат Јазкулијев од Туркменистан е ослободен од затвор со амнестија од претседателот. Новинарот беше осуден на 5 години казна затвор поради обвинение дека охрабрувал роднина да се самоубие. Неговото семејство и поддржувачи тврдат дека судскиот случај беше покренат поради неговата истражувачка сторија за експлозија на магацин со оружје во Ашгабат.