Казахстан ќе амнестира 16 илјади затвореници

Роднини на затвореници пред затворските порти

Казахстанскиот парламент денеска изгласа закон со кој се амнестираат 16 илјади затвореници по повод одбележувањето на 20 годишнината од независноста на земјата. Законот е одобрен од долниот дом на Собранието и сега треба да биде одобрен од Сенатот па да го потпише претседателот Нурсултан Назарбаев. Според податоците на министерттвото за внатрешни работи во казахстанските затвори има 45 800 затвореници а 6500 луѓе се во притвор . Амнестијата ќе се однесува на оние осуденици кои одлежуваат до 5 години казна ,за малолетниците и за оние кои се притвор и чекат казна за помали кривични дела.