НАТО се уште без одлука за завршување на мисијата во Либија

НАТО ја одложи формалната одлука за окончување на воздушната кампања во Либија, која требаше да биде донесена денеска. Претставници на НАТО ќе се состанат во петок, а во меѓувреме продолжуваат консултациите со Обединетите нации и со либискиот Национален преоден совет. Имено, лидерот на советот, Мустафа Џалил, денеска го повика НАТО да ја продолжи својата мисија најмалку до крајот на годинава.