Казахстан ги забрани молитвите во државни институции

Досега непозната исламистичка група му се закани на Казахстан со насилства доколку не го укине законот со кој се забрануваат собите за молитви во државните згради. Групата која се нарекува Џунд Ал Хилафа, ја упати оваа закана преку видео порака. Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев, кој го потпиша законот овој месец, оцени дека на тој начин ќе се зајакне религиозната толеранција во земјата. Но, критичарите и во земјата и од Западот, сметаат дека со овој закон се ограничуваат религиозните слободи.