Кина ќе казнува блогери

Кина воведува поостра контрола на социјалните мрежи и на испраќањето пораки. Во Кина во последно време има голема експанзија на микро-блогови, преку кои се критикуваат кинеските власти и се известува за кршење на човековите права. Централниот Комитет на Коминистичката Партија на Кина дал препорака да се казнуваат сите оние што шират штетни информации.