Македонија ќе донира 100 илјади евра за Турција

Македонската Влада на денешната седница донесе одлука да испрати парична помош од 100.000 евра, за настраданите и санирање на големите штети предизвикани од тешкиот земјотрес во Турција. Министерот без ресор Хади Незир е задолжен да контактира со амбасадата во Турција со цел да се убиди потребата од дополнителна техничка помош за провинцијата Ван, која е најмногу погодена од земјотресот со интезитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала.