Хјуман Рајтс Воч: Премногу оружје има на либиските улици

Меѓународната организација Хјуман Рајтс Воч соопшти дека голем број на оружје вклучувајќи ги и ракетите земја- воздух кои можат да им наштетат на комерционалните авиони се уште се на улиците на Либија. Во соопштението на организацијата е наведено дека се предупредени лидерите на Националниот преоден совет и НАТО дека големи количини на оружје се необезбедени и дека треба да се преземат мерки по завршувањето на граѓанската војна. Советот се обврза да спроведе акции со кои ќе биде отсрането оружјето од ерата на Моамер Гадафи.