Попоски се сретна со Филе

Почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија позитивно ќе влијае врз реформскиот процес и перспективите на целиот регион. Ова го изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба во Стразбур со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе. Во соопштението на министертвото за надворешни работи е наведено дека Филе изјавил дека обновената препорака за почеток на преговорите ја отсликува работата на Влада во изминатата година и дека Комисијата е подготвена да работи заедно со Владата за надминување на предизвиците кои се наведени во последниот Извештај .