Спасено новороденче од урнатините во Турција

Спасувачките екипи во Турција спасиле новороденче од под урнатините по 48 часа од земјотресот што го погоди југоисточниот дел на Турција. Турските власти соопштија дека се извлечени 366 тела а повредени се над 1300. Во регионот Ван се урнати 2 260 згради. Илјадници луѓе последниве две ноќи ги поминале под отворено небо. По земјтресот со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала што го погоди регионот во неделата, следуваа дваесетина помали потреси. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција за сега може да се справи сама со кризата и дека не и е потребна меѓународна помош.