Азербејџан стана привремен член на Советот за безбедност

Азербејџан си обезбеди место во Советот за безбедност при Обединетите нации, откако главниот конкурент на земјата за позицијата, Словенија, се откажа од трката. Азербејџанската победа беше потврдена со 155 гласови од собранието во кое членуваат 193 нации. Азербејџан влезе во друштво на Пакистан, Мороко, Гватамала и Того како привремен член на 15 члениот совет. Словенија се откажа откако по 16 рунди гласање немаше победник.