Ќе се спроведе истрага за смртта на Гадафи

Привремениот либиски лидер Мустафа Џалил денеска изјави дека ќе се спроведе истрага за смртта на Моамер Гадафи за да се утврди како бил убиен поранешниот лидер во родниот град Сирт. Тој во својот говор во Бенгази истакна дека можно е убиството н да го извршил некој од поддржувачите на Гадафи за време на престрелките. Новите либиски власти тврдат дека првичниоте наоди покажуваат дека Гадафи загинал при судирите на револуционерите со неговоте поддржувачи. САД, Велика Британија и организациите за заштита на човекови права бараат да се спроведе истрага за начинот на кој е убиен Гадафи по контроверзните извештаи.