Намален рускиот банкарски рејтинг

Рејтинг агенцијата Муди го смени рејтингот на рускиот банкарски систем од стабилен на негативен поради слабото глобално закрепнување и нестабилноста на пазарот. Агенцијата соопшти дека рускиот економски раст во 2012 година ќе забави и ќе изнесува 2,8 проценти од бруто домашниот производ, додека годинава предвидено е тој да изнесува 3,8 проценти.