Лужков повикан да сведочи во Москва

Поранешниот градоначалник на Москва Јури Лужков денеска изјави дека бил повикан да сведочи во судскиот случај за банката што ја основал. Тој за руската новинска агенција Интерфакс изјави дека ќе се појави во суд кога ќе се врати во Русија. Лужков и неговата сопруга Јелена Батурина се осомничени дека преку банката и фирмата на Батурина во 2009-тата година проневериле 420 милиони долари. Брачниот пар ја напушти Русија во септември 2010-тата година