Јордан доби нов премиер

Кралот на Јордан Абдулах и неговата сопруга

Кралот на Јордан Абдулах II денеска наименува нова влада која ќе ја предводи меѓународниот судија Авн Касавнех, кој се очекува да ги спроведе политичките реформи во земјата. Касавнех доаѓа на местото на Маруф ал Бакхит кој минатата недела беше сменет од мнозинството пратеници поради обвинение за корупција. Во земјата неколку месеци се водат мирни протести на кои демонстрантите бараа да се спроведат политички и економски реформи.