Стејт Департментот потврди- американскиот амбасадор повлечен од Сирија

Нападот врз американскиот амбасадор Роберт Форд од поддржувачите на Башар Ал Асад, минатиот месец

Стејт Департментот соопшти дека американскиот амбасадор во Сирија Роберт Форд е повлечен од Дамаск и дека се вратил во Вашингтон поради безбедносни закани. Портпаролот Марк Тонер изјави дека враќањето на Форд во Сирија ќе зависи од безбедносната ситуација во земјата. Форд јавно ја критикувал сириската власт за насилното задушување на протестите против режимот на претседателот Башар Ал Асад.