Иран е подготвен да ги подобри односите со ЕУ

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи изјави денеска дека Иран сака да ги подобри односите со Европската Унија. Тој додаде дека не може да се игнорираат разликите меѓу нив, но не може засекогаш да остане таква ситуацијата. Салехи истакна дека Иран е подготвен да го продолжи дијалогот за да ги отстранат разликите и да најдат заедничко решение.
Односите меѓу Техеран и Брисел се нарушени по претседателските избори во Иран во 2009- татa година поради спорното реизбирање на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Во последниве три години ЕУ неколку пати го обвини Техерен за прекршување на човекови права и суспедирање на политички опозиционери.
Британија, франција, Германија, Кина, САД и Русија спроведоа санкции против Иран поради спорната нуклеарна програма на Техеран.