Давутоглу во посета на Белград

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска во Белград ќе се сретне со неговиот српски колега Вук Јеремиќ и српскиот претседател Борис Тадиќ. Во соопштението од турското министертво за надворешни работи е наведено дека Турција им придава големо значење на односите со Србија која е клучна земја во оддржувањето на мирот и стбилноста на Балканот. Давутоглу требаше да го посето Белград на 19 октомври, но посетата беше одложена поради терористичките напади врз турските војници.