Либија слави

Десетици илјади луѓе во Бенгази денеска го слават ослободувањето на Либија по 42 години владеење на еден човек. Новите либиски власти ветија дека наскоро ќе изготват нов устав, за еден месец ќе формираат привремена влада и дека за 8 месеци ќе се оддржат парламентарни избори. Привремениот премиер Махмуд Џибрил соопшти дека ќе поднесе оставка по прогласувањето на ослободувањето.